(Во живо) Прва годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје
Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“ ќе се одржи денеска, а ќе ја отворат премиерот Христијан Мицкоски и Јелисавета Лазаревиќ, директорка за содржина на „Блумберг Адрија“.
на конференцијата ќе се бараат одговори на тоа колкав е потенцијалот на Македонија, каков квалитет треба да има тој раст и кој ќе го движи во иднина? Од што ќе биде условен? Како да го одржуваме доглорочно? Дали реалниот секот држи чекор со напредокот на финансискиот сектор и како иновациите и технолошкиот напредок создаваат нова слика на овој простор?