(Во живо) Кој ќе ја добие Нобеловата награда за физика?

Денеска, во 11.45 часот, се очекува Нобеловото собрание во Институтот Каролинска во Стокхолм да објави кој ќе ја добие престижната награда за физика.
Пред официјалното прогласување од Нобеловиот комитет најавија и видео со целосно објаснување на откритијата во полето ан физиката, на годинешните лауреати, кои ќе можат да го користат наставниците низ целиот све, со цел поблиску да им ги објаснат физичките законистости. Видеото ќе биде објавено на 15 октомври, а ќе може да се погледне на следниот линк.
Во пресрет на објавувањето на добитникот или добитниците на Нобеловата награда за физика, од Институтот потсетуваат на мислата на Алберт Ајнштајн, во која вели: „Врховна задача на физичарот е да дојде до тие универзални елементарни закони од кои космосот може да се изгради со чиста дедукција.“ – Алберт Ајнштајн, добитник на Нобелова награда за физика во 1921 година.
Нобеловата награда за физика се доделува од 1921 година. Досега ја добиле 118 научници, а најмладиот има само 25 години, а тоа е Вилијам Лоренс Браг, кој помагал во работата на неговиот татко, а наградата ја добиле „за нивните услуги во анализата на кристалната структура со помош на рендгенски зраци“.
Најстариот лауреат по физика е Артур Ашкин, кој Нобеловата награда ја добил на возраст од 96 години, „за оптичките пинцети и нивната примена во биолошките системи“.
Минатата година, наградата им припадна на Џон Хопфилд од Соединетите Американски Држави и британско-канадскиот компјутерски научник Џефри Хинтон. Тие беа наградени за нивната пионерска работа што ги постави темелите на денешните системи за вештачка интелигенција.
Основите на Нобеловата награда
Нобеловата награда ја основа шведскиот пронаоѓач и филантроп Алфред Нобел (1833–1896). Во својот тестамент, Нобел навел дека наградите треба да им се доделат на оние кои „му донеле најголема корист на човештвото“. Физиката била првата категорија спомената во неговиот тестамент.
Износ и правила за доделување
Секоја Нобелова награда носи парична награда од 11 милиони шведски круни по категорија.
Доколку наградата се дели, лауреатите го делат и паричниот фонд. Една категорија може да ја делат најмногу три лауреати, што е вообичаена практика во науките каде што истражувачите соработуваат или градат врз основа на меѓусебните откритија.