(Во живо) Изјави по состанокот во Влада за зголемување на пензиите
Заврши средбата меѓу владините претставници и здруженијата на пензионери на која стана збор за зголемувањето на пензиите.
На средбата, како што претходно најавија од владината прес-служба, присуствуваа вицепремиерот за економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери.
На состанокот стана збор за менување на методологијата за покачување на пензиите.
Од Владата најавуваат дека преку дијалог со сите засегнати страни ќе се бара најприфатливото решение за сите.
Во изминатиот период, пензионерските здруженија побараа зголемување на пензиите поради неможноста да ги покријат основните животни трошоци во услови на енергетска и економска криза.
Проследете ги изјавите во живо: