(Во живо) Изјава на директорката од болницата во Кочани, загинатите од 14 до 25 години


Директорката на болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимова, даде изјава во која соопшти дека починатите во пожарот според возраста се од 14 до 25 години, но запрашана за бројката кажа само дека се „многу“. Меѓу нив има деца од Скопје, од Штип, од Пробиштип и од Кочани.

– Првиот повик беше во 2 часот и 48 минути наутро. Целата болница се мобилизираше, почна да ги носи првите пациенти. Бидејќи имавме помал број возила, директорот се обрати до градови од Источна Македонија, но и од Скопје и Велес. Оние во тешка состојба се префрлени во штипската болница, а оние во уште потешки во Скопје. Беа прегледани околу 70 пациенти.

Во Кочани во моментов има 20 пациенти со полесни повреди, а над 50 се префрлени на клиники во земјава. Има многу загинати, но точниот број не може да се каже додека не се заврши идентификацијата. Некои од луѓето имаат лични карти, а други немаат. Починатите биле на возраст од 14 до 24-25 години. За повреди како нашата, тоа е од 18 до 23 години“, рече Серафимова.