(Во живо) Доделување на Нобеловата награда за физиологија или медицина


Mожни лауреати за овогодинешната Нобелова награда за медицина, познавачите ги сметаат Каталин Карико од Унгарија и Дру Вајсман од САД, чии пионерски истражувања доведоа до првите мРНК вакцини.

Тие вакцини ги примија повеќе од милијарда луѓе ширум светот во напорите да се сузбие пандемијата од корона вирусот која однесе речеиси 5.000.000 животи.

Карико и Вајсман веќе добија повеќе награди, меѓу кои и Ласкеровата награда во САД, често сметана за претходница на Нобел.

Други подрачја кои можат да се закитат со Нобеловата награда се истражувањата за клеточна комуникација, истражувањата за функционалноста на имуниот систем, откритието на гените за рак на дојка, истражувањата на епигенетиката и отпорноста на антибиотиците.