Во судирот во Северното Море учествувале танкер со реактивно гориво и товарен брод што пренесувал натриум цијанид


Товарниот брод „Соулонг“ (Solong), кој денеска се судри со американскиот танкер „Стена Имакјулат“ (MV Stena Immaculate) во Северното Море, недалеку од источниот брег на Велика Британија, превезувал 15 контејнери со натриум цијанид, соопшти поморската информативна агенција Лојдс Лист Интелиџенс (Lloyd’s List Intelligence).

Според податоците од британската крајбрежна стража, на бродот имало и неодредена количина алкохол.

(Мапа: Википедија)

Екипажот на танкерот, кој бил закотвен во моментот на судирот, останал неповреден и е во целосен состав. Меѓутоа, во несреќата дошло до истекување на реактивно гориво.

Компанијата „Кроули“, која управува со танкерот, соопшти дека на бродот се случиле „неколку експлозии“ поради оштетувањето на една од цистерните.