Во Струмица почна вежбите за евакуација во училиштата


Од денеска Струмица започна со спроведување превентивни мерки за поголема безбедност на децата во општинските училишта.
 
Во соработка со ТППЕ Струмица беше реализирана вежба за евакуација во случај на пожар во ООУ „Кирил и Методиј“ во Дабиле.
 
 
Покрај показната вежба од страна на пожарникарите, учениците беа запознати и со основните мерки коишто треба да ги преземат за да се заштитат во случај на пожар.
 
Ваква вежба за евакуација утре ќе биде спроведена во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица.
 
„Децата се наша радост и гордост, но наша е и одговорноста за нивните животи. Од срце за сите деца на Струмица!“, вели градоначалникот Костадин Костадинов.