Во Србија уапсен човек поради закани кон Вучиќ


Белград – Српската полиција уапсило лице за кое тврди дека упатувало закани кон претседателот на таа држава. 
Министерот за внатрешни работи на србија, Ивица Дачиќ изјави дека е уапсен Д.М. од Сомбор поради закани за загрозување на безбедноста на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, уапсен е  Д.М. од Сомбор, кому му е одредена мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на МВР на Србија.
Вучиќ на социјалната мрежа Х изјави дека е шокиран од атентатот врз словачкиот премиер и дека се моли за здравје на големиот пријател на Србија, Роберт Фицо.