Во Србија трет ден по ред од Ковид-19 умираат повеќе од 40 пациенти


 

Во соседна Србија денеска потврдени се 6.192 новозаболени од Ковид-19, а од последиците починаа 42 лица. Вчера имаше 40 жртви, а завчера 41.

Вкупно тестирани се 19.407 лица. На респиратори се 212 пациенти.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб за борба против корона вирус д-р Предраг Кон упати порака до антиваксерите.

Тој кажа дека лани поради корона вирусот почианле повеќе од 10.000 луѓе и уште еднаш ги повика сите да се вакцинирата затоа што тоа е единствен одговор на пандемијата.