Во Србија регистрирани 20 пациенти заболени од западнонилска треска
До 26 август на територијата на Србија регистрирани се 20 автохтони случаи на западнонилска треска кај човечката популација, се наведува во соопштението на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Од вкупниот број заболени, 14 се од машки пол, додека шест се од жени. Просечната возраст на заболените е 58 години.
Додека во земјите-членки на Европска Унија до 21 август пријавени се 201 случај на западнонилска треска кај човечката популација. Во Грција регистрирани се 66 случаи, Италија – 76, Романија – 14, Унгарија – 13, Шпанија – 12, Австрија десет, Франција – седум и во Хрватска – три.
Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува со каснување на заразен комарец. Симптомите на западнонилската треска може да се главоболка, треска, болки во мускулите и зглобовите, гадење и замор.