Во Србија повторно виден црн пантер – предупредување за жителите


 

Црн пантер неодамна беше виден крај Апатин во Србија, на границата со Хрватска, а денеска повторно е воочен, во близина на бањата „Јунаковиќ“, 12 километри од каде што бил забележан првиот пат.

„Се работи за многу опасно и непредвидливо диво животно“

Од Општината Апатин ги предупредија граѓаните да не одат во тој правец, затоа што се работи за многу опасно и непредвидливо животно.

„Во фаќањето и лоцирањето на црниот пантер вклучени се сите надлежни, како и стручна служба од зоолошката „Палиќ“, пишува во општинското соопштение.

Досега има неколку пријави дека е виден

Порано, од „Војводинашуми“ ги предупредија граѓаните на Апатин дека на нивното подрачје забележан е црн пантер, па затоа треба да бидат внимателни.

Според нив, тоа е опасен предатор, а граѓаните треба да бидат внимателни.

Повикуваат ако некој го види, да пријави. Локалните медиуми јавуваат дека во потрагата се вклучени сите институции, здруженија, организации и дека надлежните се спремни со кафези, мамки и стапици.

„Проблем е што се работи за голем терен и што на него има обилна храна за пантерот. Има неколку пријави дека е виден, но, освен една матна снимка и неколку траги, друг доказ нема“, велат надлежните. Сепак, се преземаат сите мерки да се најде и да се залови.