Во Србија невакцинираните ученици ќе се тестираат секоја недела


 

За непречено да почне учебната година во септември, во Србија, најверојатно сите ученици ќе се тестираат секоја недела.

Вирусологот и член на Кризниот штаб Тања Јовановиќ изјави дека е важно учениците да се вратат во училишните клупи, поради што важна е вакцинацијата на учениците од 12 години па нагоре. Ако не се вакцинирани ќе мора да прават тест секоја недела.

– Би била голема штета и оваа година наставата да почне на онлајн платформа, Доколку не се вакцинираат, учениците постари од 12 години ќе мора барем еднаш неделно да направат тестирање на Ковид-19 – рече Јувановиќ, која ги поддржува препораките на епидемиологот д-р Предраг Кон, за одвојување на вакцинираните од невакцинираните ученици постари од 12 години.

Додава дека зголемениот број заразени со корона вирус укажува на тоа дека Србија е на праг од четвртиот бран од пандемијата.