Во Србија денеска регистрирани 69 нови случаи, нема починати

Во последните 24 часа, во Србија регистрирани се нови 69 случаи со Ковид-19, а вкупно беа тестирани 5.239 луѓе.
До сега регистрирани се 11.965 случаи.
Денеска нема починати пациенти од Ковид-19.
Во Србија има 447 активни случаи, а 15 пациенти се на респиратор.