Во Србија регистрирани речиси 800 новозаболени


Кај јужниот и северниот сосед, денеска има регистрирано зголемен број новозаразени.

Имено, според последните информации, 792 нови случаи на коронавирус се потврдени во Србија, каде едновремено починаа три лица.

Да потсетиме, вчера во Србија е забележан голем скок на новозаразени. Потврдени беа 752 нови случаи, додека само претходниот ден имаше 457.

Како што претходно јавивме, по речиси четири месеци повторно има повеќе од 4.000 новозаразени, односно 4.181 случај, а починаа 19 луѓе, додека 219 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници.