Во Шведска неделната стапка на новозаразени е втора највисока во Европа

Стапката на новозаразени со корона вирус во Шведска минатата недела, нараснала до втора највисока во Европа, по Сан Марино, покажуваат денешните податоци.
Бројот на пациенти на интензивна нега во Шведска го надмина врвот на вториот бран од пандемијата од крајот на минатата година. Скандинавската држава од петокот има 19.105 нови случаи, покажуваат податоците на тамошните здравствени власти.
Шведска, на неделно ниво, дневно има по 625 нови случаи на милион жители, што ја сместува на второ место во Европа, зад Сан Марино.
Тењел: Видовме забрзување на ширењето
„За жал, видовме забрзано ширење во Шведска. Ќе видиме како ќе помине оваа недела, но секако се работи за брзо ширење кое не покажува успорување“, рече главниот шведски епидемиолог Андрес Тењел.
Шведска, држава со 10 милиони жители, досега даде 2,1 милион дози вакцина, пренесува Ројтерс. Од почетокот на пандемијата таму починаа вкупно 13.660 луѓе од последиците на Ковид-19.