Во Швајцарија одобрена првата капсула за евтаназија


 

Капсула наменета за асистирано самоубиство доби одобрување во Швајцарија, а нејзиниот креатор верува дека би можела да биде спремна за употреба во оваа земја од наредната година.

Евтаназијата е легална во Швајцарија, а во 2020 година тоа право го искористиле 1.300 луѓе, покажаа податоците на двете главни организации за „асистирано самоубиство“. Својот живот луѓето го завршија со голтање течен натриум пентобарбитал, кој ги доведува до длабока кома пред да починат.

Но, д-р Филип Ничkе, разви капсула „Сарко“ произведена со 3Д принтер, која нуди поинаков пристап. На клиентите им гарантира брза и мирна смрт без какви и да се хемикалии.

Капсулата ја реализира својата цел така што се полни со азто, со што брзо се намалува концентрацијата на кислород, а лицето кое се наоѓа во неа умира поради хипоксија и хипокапнија.

Делувањето на капсулата предизвикува чувство на дезориентираност, а лицето може да осети и блага еуфорија пред да изгуби свест. Д-р Ничке тврди дека смртта настапува по 30 секунди и дека нема никаква паника, ниту чувство на гушење.

Исто така, капсулата се активира однатре, па лицето само може да го притисне копчето кога ќе биде подготвено за тоа.

Капсулата е преносна и може да се транспортира на која и да е локација.

Правните проверки за капсулата се завршени и може да се користи без проблем.

Третиот прототип на капсулата „Сарко“ во моментот се прави со помош на 3Д принтер во Германија, и треба да биде оперативен во Швајцарија во 2022 година.

Д-р Ничке, лани рече дека сака бесплатно да ја отстапи технологијата, па програмата за принтање на капсулата ќе биде достапна на интернет.