Во Штип викендов по вторпат „Модни денови“


По вторпат оваа година се органзиираат Модни денови во Штип. Настанот ќе се реализира овој викенд, петок и сабота, а е во организација на општината. Целта е помалите брендови да бидат видливи од поголемите фирми, а со тоа да имаат пласман во државата и странство.

„Овој викенд во петок и сабота или поточно на 10 и 11 октомври ќе се одржи втор пат во контиуитет „Shtip fasion days“. Овој настан е во целосна организација на Општина Штип и на истиот ќе се престават академската зедница, помалите брендови и поголеми текстилни компании. Овој настан е со цел да се вмрежи овој сектор односно помладите да бидат видливи за поголемите компании, а поголемите компании да добијат поголем пласман не само во државата туку и надвор од неа. Настанот и двата дена ќе започне во 19 часот“, вели секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова

Настанот е од отворен карактер и може да го посети секој кој е заинтересиран и сака да ужива во модните ревии кои се планирани за овој викенд.

„На настанот ќе имаме модни ревии од десет брендови, или поточно ќе учествуваат три универзитети, студентите ќе ги престават своите колекции, четири помали брендови и три поголеми компании. Таму ќе бидат презентирани дизајните од нивните колекции есен- зима 2025 година“,додава Шорова-Ангелова.