Во Штип амбулантите се полнат со пациенти со симптоми на грип и слични на грип
Амбулатните речиси полни, граѓаните со сиптоми на грип и заболувања слични на грип. Пикот се очекува кон крајот на овој и почетокот на наредниот месец, иако бројката на заразени и пациенти кои барале лекарска помош веќе се зголемуваат. Валентина Митрова специјалист по општа и семејна медицина во ПЗУ ,,д-р. Миташев” вели дека единствена позитивна работа е зимскиот распуст и фактот дека грипот барем за сега нема да се пренесува и шири меѓу децата.
-Периодот на грип веќе е започнат уште пред новогодишните празници, и како и секоја година пикот се очекува крајот на месец јануари и почетокот на месец февруари. За ова придонесува и перидот на дружењето, меѓутоа една добра страна е распустот на учениците, вели Митрова.
Кашлица, покачена телесна температура, болка во грлото се дел од најчестите симптоми на кои се жалат пациентите кога ги посетуваат матичните лекари. Докторите апелираат на крајна внимателност, да се пијат чаеви и многу витамини. Пациентите кои се со хронични заболувања да не се лекуваат на сопствена рака и задолжително да побараат преглед и совет од лекарите.
-Пациентите се жалат на малаксаност, главоболка, болка воо грло, кашлица, покачаена температура. Тоа се најчести симптоми. Пациентите кои се здрави најпрво треба да не се движат односно да ја намалат распространетоста на грипот, да земаат витамини и чаеви, да мируваат во домашни услови. Но, никако не треба да се земаат антибиотици на своја рака без преглед и препорака од лекар. Оние со хронични заболувања пак треба задолжително да побараат совет од лекар, изјави Митрова.
Таа апелира домашните аптеки да не се користат, особено да не се користат антибиотици ако за тоа нема препорака од лекар, бидејќи честа е сликата во амбулантите пациентите претходно самостојно да се лекувале дома, докторите препорачуваат таквата пракса да не се користи и пациентите да бидат со соодветна лекарска терапија.