Во САД за првпат регистрирани над 300.000 новозаразени за 24 часа
САД– САД за првпат регистрирале повеќе од 300.000 нови инфекции со новиот коронавирус.
Според секојдневниот ажуриран преглед на „Ковид Трекинг Проџект“, новите случаи за изминатите 24 часа се – 310.000, хоспитализирани се 131.889, а починатите се 3.777 – нешто под рекордните над 4.000 регистрирани вчера.
Рекордно високи се и просечните бројки за истите индикатори за период од една недела.
САД имаат најголем број заразени во светот од почетокот на пандемијата. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, таа цифра е – 21,8 милиони.