Во САД првпат регистрирани повеќе од 300.000 новозаразени за еден ден


САД за првпат регистрирале повеќе од 300.000 нови инфекции со новиот корона вирус.

Според секојдневниот ажуриран преглед на „Ковид Трекинг Проџект“, новите случаи за изминатите 24 часа се – 310.000, хоспитализирани се 131.889, а починатите се 3.777 – нешто под рекордните над 4.000 регистрирани вчера.

Рекордно високи се и просечните бројки за истите индикатори за период од една недела.

САД имаат најголем број заразени во светот од почетокот на пандемијата. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, таа цифра е – 21,8 милиони.