Во САД, отворањето на Игрите во Токио го следеа 16,7 милиони луѓе, најмалку во последните 33 години
Телевизискиот пренос од церемонијата на свеченото отворање на Олимписките игри во Токио 2020, пренесувана на Ен-би-си го следеле 16,7 милиони Американци. Оваа бројка е најниска во последните 33 години.
Во споредба со церемонијата на отворање на Олимпијадата во Рио 2016 година, ТВ-публиката се намали за 37% (26,5 милиони) и за 59% во споредба со Лондон 2012 година (40,7 милиони).
Отворањето на ЛОИ Сеул-1988 година го следеа 22,7 милиони ТВ гледачи, а во Барселона 1992 – 21,6 милиони.
На интернет-платформите, 17 милиони Американци го гледале отворањето. Стриминг публиката е зголемена за 76% од Пјонгчанг 2018 и 72% од Рио 2016 година.