Во сабота и недела протести во Кочани

Под мотото „Ваш профит, Наши животи“ викендов во Кочани ќе се одржи протестен марш за правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Маршот ќе се одржи в сабота и недела, со почеток во 15:59. Збирно место е Градскиот парк во Кочани. Маршутата на движење продолжува кон Основниот суд, полицијата и зградата на Општина Кочани.
Инаку протестен марш има секој работен ден со почеток од 17:59 во Градскиот парк во Кочани. Пожарот во дискотетата, денеска ја зеде и 60-тата жртва. Министерството за здравство потврди дека починал Александар Карадакоски, управител на фирмата „МММ Кафе“ ДООЕЛ – којашто управувала со дискотеката „Пулс“ во Кочани, но работел како шанкер во дискотеката, а вистинскиот сопственик е Дејан Јованов-Деко.
Со смртта на Карадакоски се зголеми бројот на жртвите во пожарот, а се намали бројот на осомничени. За трагедијата во Кочани осомничени беа 34 лица и уште три правни лица, односно фирми кои управувале низ годините со дискотеката.