Во Русија повторно рекорден број починати од Ковид-19 – 799


 

Русија денеска регистрира 23.947 нови случаи со корона вирус и по втор пат рекордно висок број смртни случаи поврзани со заразата, дури 799.

Русија е на удар на нов бран од Ковид-19, а властите тоа го припишуваат на делта варијантата, пренесе Ројтерс.

Некои надлежни пак, сугерираа дека во изминатите денови бројот на новозаразени со корона вирус, барем во престолнината Москва, почна да опаѓа, наведува агенцијата.