Во пожарот кај Раштак изгореа помошни простории за чување живина и алат

Во неделата, во 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај селата Раштак и Страчинци, скопско, настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума.
Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќа, пет помошни простории за чување живина, разновиден алат и др., сопственост на Н.М.(51) од Скопје.
Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.