Во пожарите во Алжир загинаа 65 луѓе


 

Во пожарите кои на почетокот на неделата избија на територијата на африканската држава Алжир, животите ги загубија најмалку 65 лица, објави денеска државната телевизија, додека пожарите во оваа медитеранска држава продолжуваат да горат.

Според извештајот, настрадале 37 цивили, а 28 војници загинале при обидот да ги изгасат пожарите и да спасат други луѓе.

 

Најмногу загинати има во покраината Тизи Узу, околу 150 км источно од главниот град Алжир.

Уште 20 војници се пренесени во болница поради сериозност на повредите здобиени при гасењето на пожарите.

Претседателот Абделмаџид Тебун од четвртокот прогласи тродневна жалост за жртвите во пожарите.

Днеска во алжир горат уште 83 од вкупно 103 пожари кои избија во понеделникот, а премиерот Ајман Бен Абдел рахман во вторникот соопшти дека прелиминарните истраги покажуваат дека пожарите се намерно подметнати.