Во Пожар, Радовиш наврнале 42 л/м2 дожд, Демир Капија со 40 л/м2


Фото: Б. Грданоски

Најмногу врнежи изминатите 24 часа имало во Пожар, 42 литра на метар квадратен, а најмалку во Прилеп и Охрид, 12. До седум часот утрово се измерени и 40 литри на единица површина во Демир Капија, 35 во Струмица, 34 во Штип и Ѓуриште, 31 во Попова Шапка, 25 во Крива Паланка и Маврови Анови, 24 во Гевгелија, Виница и Пожаране, 22 во Берово и Лазарополе, 21 во Крушево, 18 во Скопје-Петровец, 17 во Битола, Велес, Тетово, Кавадарци и Претор, како и 15 во Тополчани.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде од 12 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 18 степени.