Во Милано пронајден мртов бездомник, исчезнал пред 55 години, а имал 100.000 евра на сметка


 

Маж на возраст од 75 години кој живеел како бездомник, а чие безживотно тело најдено е минатата недела на миланската железничка станица, имал повеќе од 100.000 евра на банкарската сметка, како и 19.000 евра во акции и останати вредносни хартии, јави Кориере дела сера.

Освен тоа, примал и редовна пензија, која ја обезбедил со долгогодишна работа во Минхан, Германија, и во во износ од 750 евра. Исто така, поседувал и куќа во Калабрија и две комбиња.

Засега не е познато потеклото на целиот негов имот. Кога во четвртокот е пронајден мртов на станицата, во џебот имал 1.235 евра.

Одлучил да живее како дух

Умберто Квинтино Диацо исчезнал од родното планинско селце на југот на Италија кога имал само 17 години и заминал за Германија. „Одлучи дека засекогаш ќе остане дух“, сведочи неговата сестра Чиарина. „Го баравме секаде, но тој едноставно не сакаше да успееме“.

Неговиот имот е лоциран во поштенското сандаче на Каритас, единствената организација на која ѝ верувал поради постојаните моби на разни волонтери да побара помош и да се тргне од улица.