Во ќелијата на д-р Нино Васев најдени три мобилни телефони

Три мобилни телефони биле најдени во ќелијата каде престојува д-р Нино Васев, обвинет во случајот „Онкологија“.
На почетокот на денешното судско рочиште во скопскиот Кривичен суд за случајот „Онкологија“, судијката Славица Наумова Јосифовска го прочита известувањето што го добила од КПУ Скопје.
Трите мобилни телефони пронајдени во ќелијата каде Васев е во притвор се одземени.
Обвиет во овој случај е и Нехат Нухи, поранешниот организациски директор во Клиниката за !„Онкологија„. Првото рочиште за предметот кој се однесува на економското работење на клиниката се одржува денес.
И двајцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата и проневера во службата.