Во јуни 75,3 отсто од потрошената струја била од домашни извори


Во јуни годинава 75,3 отсто од потрошената електрична енергија во земјава била од домашно производство, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната потрошувачка по видови енергенти во јуни изнесува: 477 863 МWh електрична енергија, 18.291 мил. нм3 природен гас, 294 530 тони јаглен и 83 355 тони нафтени продукти.

Од вкупната потрошувашка на јаглен, 94,6 проценти отпаѓа на производство на електрична енергија.