Во Хрватска започна запишувањето за народни обврзници
Хрватска планира да собере една милијарда евра со издавање обврзница, минималниот влог ќе биде 500 евра, а рокот на достасување на обврзницата е 2025 година.
Запишувањето на државните обврзници почна денеска и ќе трае една недела во филијалите на банките кои учествуваат во оваа постапка. Минималниот депозит е 500 евра, а рокот на доспевање е две години, јавија хрватските медиуми.
Запишувањето на државните обврзници наменети за граѓаните започна денеска, а минималната каматна стапка што ќе се пресметува на нив ќе изнесува 3,25 проценти годишно, се вели во јавниот повик за регистрација на обврзници, објавен на веб-страниците на Загрепската берза и Министерството за финансии. Државните обврзници ќе се запишуваат во два круга, а првиот ќе биде отворен за граѓаните од 22 февруари во 8 часот до 1 март во 20 часот.
Потоа пријавувањето за граѓаните ќе биде затворено, а на 3 март ќе биде отворено за институционалните инвеститори и ќе трае само тој ден.
Запишувањето ќе се врши во филијалите на банките кои ќе бидат водечки застапници на емисијата – Erste&Steiermärkische banka, OTP banka, Privredna banka Zagreb, Raiffeisenbank Austria, Zagrebačke banka – и коаранжер на емисијата, а тоа е Хрватска поштанска банка, стои во документот за понуда на обврзници кој минатата недела го објави Министерството за финансии.