Во Хрватска уште 53 жртви на Ковид-19, 3.241 нов случај
Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 3.241 нов случај на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнсува 21.844, објави Кризниот штаб.
Меѓу нив 1.893 пациенти се на болничко лекување, а од нив 266 пациенти се на респиратор.
Починаа 53 лица.
Од почетокот на пандемијата во Хрватска забележани се 689.831 заразени, починаа 12.232, а оздравеа 655.755.
Тестирани се вкупно 3.690.329, а 9.432 во последното деноноќие.
Заклучно со вчера вакцинирани се 55.47 отсто од целокупното население.