Во Хрватска уште 1.037 новозаразени, починаа 12 пациенти
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.037 новозаразени со корона вирус, а вкупно активни се 7.464.
Меѓу нив, 689 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор се 88 пациенти.
Починаа 12 пациенти или вкупно досега 8.526.
Од почетокот на пандемијата од Ковид-19 заболеле 393.285 луѓе,а оздравеле 377.295.