Во Хрватска регистрирани 1.369 новозаразени, починаа деветмина


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.369 нови случаи со корона вирус, па бројот на активни изнесува 7.643.

Меѓу нив 628 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 72. Починаа уште девет пациенти од последиците на Ковид-19.

Досега во Хрватска се регистрирани 388.260 заразарни, починаа 8.472, оздравеа 372.145.

Тестирани се вкупно 2.695.369 лица, а 10.743 во последните 24 часа.

До вчера потрошени се 3.348.958 дози вакцини.

Вакцинирано е 43,64 отсто од вкупното население, а или 52,38 отсто од возрасните.