Во Хрватска речиси 6.000 нови случаи, починаа 27 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 5.958 новозаразени со корона вирус, а активни се 25.521.

Од нив 1.858 пациенти се на болничко лекување, а 239 на репсиратор.

Починаа 27 пациенти од последиците на Ковид-19.

Бројот на лица во самоизолација 17.722. Вкупно оздравеа 671.664 лица, а 2.760 во последните 24 часа.

Тестирани се вкупно 3.743.534 лица, а 14.209 во последните 24 часа.