Во Хрватска повторно висок број починати со Ковид-19
Во последните 24 часа забележани се 1.031 нови случаи со зараза од корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 29.891.
Од нив 2.598 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор се 308 пациенти.
Починаа уште 67 пациенти.
Од февруари кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, до денеска забележани се 604.347 лица заразени со корона вирус, од кои 10.826 починаа, а оздравеа 563.630, а 5.399 во последните 24 часа.
Тестирани се вкупно 3.437.227 лица, а 3.466 во последните 24 часа.
До вчера вакцинирани биле 53,62 отсто од населението или 63,99 отстоод возрасните.