Во Хрватска попишувачите ќе мора да бидат вакцинирани
Кризниот штаб на Хрватска денеска расправаше и донесе три нови мерки, меѓу кои и онаа дека попишувачите на терен ќе мора да имаат ковид-сертификат за вакцинаија.
„Со трите одлуки со кои се продолжуваат мерките, а кои се однесуваат на задолжително користење заштитни маски за лице, работа на продавниците и организацијата на јавниот превоз, Штабот донесе и одлука за задолжително поседување ЕУ дигитален Ковид сертификат за попишувачоте и контролорите поради тоа што наскоро почнува втората фаза од пописот на населението“, рекоа од штабот.
Инаку, пописот во Хрватска почна пред три дена и од 13 до 26 септември граѓаните на Хрватска се попишуваат на страницата е-граѓани, а потоа попишувачите ќе излезат на терен, потоа, односно од 27 септември до 17 октомври.