Во Хрватска помалку од 2.000 новозаразени, но починаа 76 пациенти со Ковид-19


 

Во последните 24 часа забележани се 1.975 нови случаи на зараза со корона вирус во Хрватска, а бројот на активни случаи е 18.627.

Меѓу нив 2.976 пациенти се на болничко лекување, а од нив 290 се на респиратор.

Починаа уште 76 пациенти или вкупно 3.177.

До денеска во Хрватска од корона вирус заболеа 194.962 луѓе, а оздравеа 173.158.
Тестирани се вкупно 950.611.