Во Хрватска почна пописот – прво онлајн, потоа теренски


Од ноќеска на полноќ, сите Хрвати може да се попишат и тоа онлајн, а потоа почнува и теренското попишување.

Од 13 до 26 септември граѓаните на Хрватска се попишуваат на страницата е-граѓани, а потоа попишувачите ќе излезат на терен, што ќе трае од 27 септември до 17 октомври.

Еден член на домаќинство, може онлајн да го попише целото семејство, но тоа не смеат да го сторат двајца од исто домаќинство.

Во втората фаза, со теренско попишување, од 27 септември до 17 октомври, на терен излегуваат попишувачи, околу 8.000 од нив, кои со лично интервју со населението ќе ги попишат сите единици кои не се попишале во првата фаза.

Тие исто така, ќе ја земат контролната шифра од домаќинствата кои самостојно се попишале на е-граѓани. Ако се покаже дека до 17 октомври не се попишани сите единици, пописот ќе се продолжи до 29 октовмри.

Казните за непопишување се движат од 2.000 до 5.000 куни, близу 700 евра.

Систмот автоматски ја поставува за рефентна личност онаа која почнала да го пoпишува домаќинството. Кога ќе заврши, му стигнува шифра, која треба да ја запише на лист, да ја фотографира или да ја испечати и да ја чува до следната фаза на пописот, кога попишувачите ќе тргнат на терен и се што треба е да им ја даде таа шифра.

Прашалникот е на 16 страници, а во него има прашања кои се однесуваат на населението, домаќинствата и становите.

Граѓаните треба да дадат податоци за градот од каде доаѓаат, улицата, но и податок за број на лица во станот.

Брачна состојба, вид на животна заеднива, број на деца, државјанство, народност… Исто така се бараат податоци за причината зошто е во тоа место, колку долго планира тука да се задржи, дали живее тука од раѓање, ако не, од каде се доселила и зошто (работа, семејни причини, земјотрес, школување). Ќе се бараат податоци за родителите, односно мајката. Па, така во прашалникот се бара податок и за местото на престој на мајката во време на раѓањето.

Прашалникот бара и податоци за оние кои се отсутни, колку често некој се враќа на тоа место, причини за отсутноста, но и дали лицето има намера да се врати тука, колку долго го нема, колку долго има намера да биде отсутен и ткн.

Има прашање за државјанството, но и евентуално двојно државјанство, народност, мајчин јазик, вера, верска заедница.

Образование и вработување
Тука има прашања за образованието, но и конкретни податоци за градинката, училиштето и факултатот кој го завршиле.

За вработувањето граѓаните се прашуваат која им е положбата од 25 до 31 август, кое му е занимањето, каде работи и како оди на работа.

Анкетното ливче содржи прашање и за изворот на средства за живот, приходи од работа, од имот, пензија и друго.

Прашања за војната

Државниот завод за статистика прашува и дали некој цивил бил ранет или повреден во време на војната, дали некој исчезнал или загинал. Се бара да се попишат и тие лица.

За станбените единици
Што се однесува до живеалиштето, се пашува дали е приватно или двајца го поседуваат, или можеби живеат тука под закуп. Ако е земјоделско земјиште, се бара податок дали имаат барем едно грло стока.

Ќе требаат податоци и за користењето на станбената единица, квадратурата, колку соби има, има ли кујна, бања, водоводни цевки и на што се приклучени, како се загрева станот итн.

Прашалникот подразбира и прашања за зградата во која се наоѓа станот, колку станови има, која е положбата на станот (сутерен, приземје, кат), која година е завршена градбата на зградата.

Разлика меѓу престојувалиште и живеалиште
Треба да се разликува дали лицето живее во престојувалиште или живеалиште, затоа што има многумина кои некаде живеат, а имаат во лична карта друга адреса.

Кога се попишува вероисповедтта, ако некој не припаѓа на ни една верска заедница, може тоа и да го искаже.

На попишувачите не им треба негативен корона-тест

Попишувачите не мора да бидат вакцинирани ниту тестирани. Препорачано е да се почитуваат мерките за заштита од корона вирус, а граѓаните не мора да ги пуштат попишувачите дома, може да се попишат во двор, пред зградата или слично. Ако семејството е во изолација, пописот трае доволно долго, за да може да попишувачот да се врати кога изолацијата ќе заврши.