Во Хрватска нови 3.272 нови заразени со Ковид-19, починаа 68

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 3.272 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни изнесува 21.297.
Меѓу нив 2.918 пациенти се лекуваат во болница, а 294 се на респиратор.
Починаа уште 68 пациенти од последиците на Ковид-19 или вкупно досега 3.023.
Досега во Хрватска од Ковид-19 заболеа 190.235, оздравеа 165.915, а вкупно се тестирани 931.358 лица, од кои 10.849 во последните 24 часа.
Кризниот штаб донесе и нови мерки за заштита од корона вирусот, па така од 23 декември на сила стапува забраната за патувања меѓу жупаниите, а од 21 декември само членови на две семејства може да се дружат истовремено.