Во Германија се преврте српски автобус, 19 се повредени
На германскиот автопат A13 во сојузната држава Бранденбург, се преврте автобус од Србија со 34 патници, од кои 19 се повредени.
Тешко повредените се пренесени во болница во Котбус и Берлин, пишува Билд.

Според првичните информации, станува збор за автобус од Србија кој превезувал државјани на Германија, Шведска, Израел и Србија.
Според медиумите, автобусот бил на пат од Белград, преку берлин за Стокхолм, Шведска, затоа имало многу меѓународни патници. Во автобусот имало двајца Израелци, еден Швеѓанец, шест Германци и седум Срби.