Во Германија многумина одбиваат да се вакцинираат со „АстраЗенека“

Германските сојузни покраини бележат намален интерес за вакцинирање со вакцината против Ковид -19 на „АстраЗенека“ заради написите во медиумите дека е намалена ефикасноста на оваа вакцина.
„Многумина го откажаа својот термин за вакцинирање кога слушнаа дека треба да бидат вакцинирани со вакцини од „АстраЗенека“’, соопшти Министерството за здравство на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Во градот Минстер на северот на оваа покраина 30 отсто од медицинскиот персонал на градските здравствени установи одбиле да се вакцинираат со овие вакцини.
Министерот за здравство Јенс Шпан, пак од друга страна, вели дека вакцината на „АстраЗенека“ е сигурна и ефикасна.
„Јас веднаш би се вакцинирал со неа“, додаде тој.
Според него, контраиндикациите кај оваа вакцина не е ништо позачестена од другите.
Некои медиуми во Германија пишуваа дека откажувањето на вакцинацијата со нив следи откако пацинети кои ја примиле се жалеле на умор, температура и болки во екстремитетите.
Шпан апелираше до покраините што поскоро да ги потрошат овие вакцини, затоа што во Германија треба да стигнат уште милион дози од „АстраЗенека“.
Според Институтот „Роберт Кох“, од пристигнати 736.800 дози „АстраЗенека“ вакцина, употребени се само 85.000.
Скепската кон оваа вакцина се појави откако се објави дека „Фајзер.Бионтек“ има поголема ефикасност и дека „АстраЗенека“ има намалено дејство кај постари лица, а токму тие се приоритетни во вакцинацијата во Германија.