Во Франција најмалку новозаразени од почетокот на годината
Бројот на нови зарази со Ковид-19 во Франција падна на 3.292 во понеделникот, најмалку од почетокот на годината, додека бројот на пациенти на интензивна нега се смалува веќе седми ден по ред.
Во понеделник има најмалку потврдени нови случаи затоа што за време на викендот се спроведуваат помалку тестирања, но седмодневниот просек падна на 17.767 во споредба со 14 април кога просекот беше 42.225.
Франција излезе од третиот локдаун пред една недела и се надева дека постепено ќе ги укине сите поголеми ограничувања до крајот на јуни.
Терасите на кафулињата и рестораните се отвораат до 19 мај, најави министерот за здравство Оливие Веран во понеделникот.
На интензивна нега се 4.870 луѓе, најмалку од 27 март.
Починаа уште 292 пациенти, Франција со вкупно 106.684 починати е осма на светот по бројот на жртви од Ковид-19. Но, седмодневниот просек на смртни случаи во ден е 222, најнизок од 26 октомври лани.
Франција е со 5,78 милиони потврдени случаи со Ковид 19 во светот зад САД, Индија и Бразил.