Во Финска првпат забележан ураган, илјадници домаќинства останаа без струја
На западот на Финска, првпат во историјата, ветерот достигна ураганска сила, поради што од саботата 17 илјади куќи останаа без струја.
Во Раума на југозападот на земјата просечната брзина на ветерот во петокот навечер достигна 33,5 метри во секунда, во Пори – до 30,3 метри во секунда, пренесуваат финските медиуми.
Ветерот со просечна брзина од најмалку 33 метри во секунда се смета за ураган во Финска.