Во Дебар ќе се прави скрининг на имунитетот од корона вирус
По донацијата од 20 илјади тестови за анализа на антитела во Дебар, со оглед дека нема нови дијагностицирани, ќе се прави скрининг на 20-30 отсто од населението за да се процени имунитетот, што ќе помогне во натамошните активности, рече на денешната прес конференција министерот Венко Филипче.
Исто така, направен е распоред и за делење на заштитните маски кои стигнаа како донација од Чешка, вкупно еден милион и тие ќе бидат дистрибуирани по сите установи согласно потребата.
Со терапијата која е комбинација на двата лека, министерот Венко Филипче нагласи дека излекувани се неколку пациенти за кои претходно е информирано дека се пуштени дома.
Лекување ќе се прави и до крвна плазма од оздравени пациенти, а за ова лекување Филипче вели дека веќе е изготвен протоколот.
За најмладиот заболен пациент кај нас, односно за 4 месечното бебе кое е заразено со ковид-19 министерот Филипче рече дека е во добра здравствена состојба.