Во Данска уапсени седуммина кои планирале терористички напади


 Во заедничка операција на германската и данската полиција во Данска уапсени се седум лица под обвинение дека се обидувале да направат експлозивни направи и планирале терористички напади.

Кај уапсени пронајдени се материјали за изработка на експлозивни направи и оружје.

– Веруваме дека поединците имале намера и капацитети да извршат терористички напади во Данска, се наведува во соопштението на данската полиција.