Во четвртиот квартал лани бројот на родени бил помал за 1.206 од бројот на починати

Бројот на живородени деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023 година, е намален за 4,2 проценти и изнесува 3.968 живородени деца.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на умрени лица во четвртиот квартал минатата година бележи намалување од еден процент во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 5.174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1.206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Податоците на ДЗС покажуваат дека во четвртиот квартал лани биле склучени 2.430 бракови, за 14,7 проценти помалку во однос на истиот квартал лани. Во последниот квартал од минатата година е регистриран 601 разведен брак, што претставува зголемување од 23, 9 проценти во споредба со истиот период од 2023 година.