Во Бугарија регистриран прв случај на колера по 103 години


Во Бугарија е регистриран прв увезен случај на колера по 103 години. Станува збор за 23-годишен индиски државјанин кој живее во Бугарија, кој во периодот од 13 август до 2 септември престојувал во Њу Делхи, Индија, информираат од бугарското Министерство за здравство.

На пациентот му се слошило на 3 септември поради акутна дијареа, без други поплаки. Направен е лабораториски тест, кој потоа е потврден во Националната лабораторија за особено опасни бактериски инфекции при Националниот центар за заразни и паразитски болести.

Пациентот е изолиран во просторија со сопствено купатило во Одделот за паразитски и заразни болести „Проф.Иван Киров“.  Во истата болница во задолжителен карантин е ставено и лице со кое живее пациентот, утврдено од Националната здравствена служба како близок контакт.Засега нема поплаки, бидејќи има негативен резултат од тестот и му е дадена антибиотска профилакса.

Во текот на спроведената епидемиолошка студија не беа идентификувани други лица за контакт. Пациентот не посетувал јавни места, вклучително и ресторани итн. Во медицинската установа е предаден налог за почитување на строг антиепидемиски режим, засилена дезинфекција, носење лична заштитна опрема од страна на персоналот, заради спречување на ширење на болеста.

Колерата е многу заразна болест која се пренесува со  контаминирана храна или вода. Се карактеризира со интоксикација, оштетување на тенкото црево, гастроинтестинални манифестации, дехидрација и висока смртност. Пренесувањето на болеста на луѓето се јавува преку консумирање на загадена вода, храна и загадени раце и предмети.

До почетокот на 19 век, колера преовладуваше главно во Индија, при што реката Ганг беше главен извор на инфекција. Од 1920-тите, болеста се прошири во други земји, предизвикувајќи пандемии со милиони жртви.

Во Бугарија, колерата била сериозен проблем шест пати. Последната епидемија во Бугарија е регистрирана во периодот 1914 – 1918 година. Последниот случај на колера во земјата е забележан во 1921 година и повторно бил увезен.

Благодарение на прочистувањето и хлорирањето на водата за пиење, болеста подоцна практично беше искоренета во Европа. Сепак, бројот на случаи на колера пријавени во СЗО остана висок во изминатите неколку години, главно поради избувнувањето во Африка и Јужна Америка.