Во Брвеница кандидатот на ВЛЕН во голема предност пред ривалот од ВМРО-ДПМНЕ


Хаќим Рамадани (Фото: Фејсбук)

 

Со избројани 75 отсто од гласовите кандидатот на ВЛЕН, Хаќим Рамадани е во голема предност пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Јовица Илиевски. Рамадани досега има освоено 60,7 отсто од гласовите (3.207), додека Илиевски 37,35 проценти (1.973).

За пребројување остануваат уште гласовите од шест избирачки места.