Во Бразил и понатаму голем број заболени и починати со Ковид-19


 

Бразил вчера регистирира 2.656 смртни случаи од Ковид-19 и 66.964 новозаболени, според податоците на државното Министерство за здравство.

Јужноамериканската земја има вкупно 406.437 починати од корона вирус и 14.725.975 вкупно потврдени случаи на зараза.

Бројот на нови случаи во Бразил се смали од врвот на епидемијата кон крајот на март, но и понатаму е висок.

По број на починати земјата е на второ место зад САД.

Се бара дополнителна количина вакцини

Бразил, кој подели 41 милион вакцини, ги повика сите кои имаат вишок вакцини да ѝ ги пратат.

Стручњаците предупредуваат дека дневната бројка новозаразени и починати може долго да остане висока ако не се забрза кампањата на вакцинација и ако не се воведат посилни мерки за ограничување на ширењето на вирусот.

За драматичните бројки стручњаците го обвинуваат претседателот Жаир Болсонаро и локалните власти кои не спроведоа одлучна борба против пандемијата.