Во Босна и Херцеговина 216 новозаразени, починаа уште 52 пациенти

Во Босна и Херцеговина во понеделникот потврдени се нешто повеќе од 200 нови случаи со корона вирус, а истовремено е забележан бнесразмерно висок број починати, дури 52 заболени од Ковид-19.
Според податоците на ентитетските заводи за јавно здравство, од неделата се спроведени нешто помалку од 1.800 примероци, а заразата е потврдена кај 157 лица во Федерацијата, 57 во република Српска и двајца во Брчко, а вкупниот број е 216.
Во Федерацијата починаа 29 пациенти заразени со Ковид-19, во РС 22 смртни случаи, а еден во Брчко.
Вкупниот број заразени е нешто над 106 илјади, а починале вкупно 3.629 лица.